X
 01.03.2019 Живот

Наставниците се под многу поголем стрес од другите работници

Наставниците имаат поголема веројатност да бидат под стрес поврзан со работното место отколку другите професионалци, покажува најново британско истражување.

Еден од пет наставници се чувствува напнато кога станува збор за неговата работа, и тоа во поголемиот дел од времето, во споредба со еден од осум работници со слична професија.

Двајца од пет наставници (41 отсто) не се задоволни од времетраењето на слободното време, во споредба со 32 отсто од работниците со слична професија. Намалувањето на работата на наставниците би го намалило бројот на наставниците што даваат откази.

Џек Ворт, коавтор на истражувањето, вели дека училиштата се соочуваат со значајни предизвици кога станува збор за регрутирање и задржување на наставниците.

- Негувањето, поддршката и ценењето на наставниците се витални за оваа професија да биде атрактивна и кариерен избор на идните генерации. За да се реализира ова, постои јасна потреба да се подобрат работните услови на наставниците - вели тој.

- Потребата од наставници ќе продолжи да расте, особено во средните училишта - предупреди тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот