X
 01.04.2021 Здравје

Пристигнаа 20.000 дози од „Спутник V“. Втора донација од Србија

Денеска пристигна нова пратка вакцини против Ковид-19, донација од Србија - 20.000 дози од руската вакцина „Спутник V“, а уште 20 илјади наскоро ќе бидат испорачани.

Според премиерот Зоран Заев, со овие вакцини ќе се овозможи континуитет во масовното вакцинирање против коронавирусот во Македонија.

Ова е втора донација од Србија во вакцини за Македонија, претходно Србија беше донатор на 8.000 вакцини од „Фајзер“.

Според Заев, Македонија досега има 38.000 вакцини против Ковид-19. Тој денеска истакна дека заедно со министерот за здравство Венко Филипче „вртат телефони“ секаде низ светот за да обезбедат вакцини. За оваа пратка, рече, лично разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје