X
 01.04.2022 Живот

Ретка снимка на сибирскиот тигар во неговата природна средина

Во 2013 година Саша Фонсека својата фасцинација од животните ја претворил во кариера. Фотографот, кој е роден во Германија, е специјализиран за замки со ДСЛР-камера кои му овозможуваат да добие неспоредлив поглед на дивиот свет. Моќта на овие стапици за камера неодамна беше докажана кога Фонсека сними редок сибирски тигар во неговата природна средина.

Овие критично загрозени големи мачки се најголеми во светот, но во дивината останаа само околу 500. Тие главно живеат во брезови шуми во Источна Русија и тука Фонсека ја постави својата стапица со камера во декември 2021 година.

- Стапиците со камерата ми дозволуваат да направам слики одблиску на таинствениот див свет што инаку не би можел да ги добијам. Тигрите главно се ноќни животни, што значи дека се активни најмногу во текот на ноќта. Може да поминете неколку месеци или дури години и да не снимите ниту една слика. Но, стапиците со камери можат - вели фотографот.


Благодарение на неговата експертиза со стапици со камера, брзо успеал да направи фотографии од машки тигар за кој првично мислел дека е познат мажјак по име Осторојни. Но, по внимателно испитување Фонсека и истражувачите сфатиле дека тој фотографирал мажјак кој претходно немал документи.

Како посебен подарок за Фонсека за фотографирањето на прекрасниот тигар, истражувачите му дозволиле да го именува. Фонсека се реши за името Лео поради карактеристичниот образец Л на јаболчната коска и исто така во чест на рускиот автор Лев Толстој. За Фонсека овој потег претставувал вистинска чест.

- Тоа е посебна чест и ве поврзува со животното на лично ниво - вели тој.

Фонсека се надева дека луѓето ги разбираат борбите со кои се соочува сибирскиот тигар.


- Само 3-4 отсто од областа на опсегот на тигарот Амур е заштитена со резервати за диви животни и национални паркови. Покрај тоа, сибирските тигри се убивани поради нивното крзно и делови од телото кои се користат во традиционалните кинески лекови. Самиот факт дека денес во светот има диви сибирски тигри е чудо. Сибирскиот тигар и неговиот екосистем имаат итна потреба од поддршка и заштита за да се обезбеди нивниот опстанок - вели фотографот.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Sascha Fonseca/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот