X
 01.05.2017 Наука

Зависноста од љубов е реална, велат експертите

Велат љубовта е дрога. Но, ова можеби и не е далку од вистината, бидејќи љубовта може да создава зависност.

Истражувачите пронашле докази на две различни теории за зависност од љубов, по прегледување на 64 студии за љубов и зависност објавени во изминатите 60 години.

Ова е првиот „тесен поглед“ на нештата:

Луѓето кои се чувствуваат осамени кога се слободни  влегуваат од една врска во друга, го имаат како што велат експертите „тесен поглед“ типот на зависност од љубов. Може да биде предизвикано од абнормални процеси во мозокот кои ги зајакнуваат сигналите за награди, како и другите зависности.

Потоа следува „широкиот поглед“ на зависноста од љубов:

Оваа теорија ја споредува зависноста од љубов со апетит, каде што бараме задоволство од потреба. Според студијата, преку овој пристап, кога одредена личност сака друга личност, таа буквално е и зависна од неа. Региониот во мозокот и хемиските процеси инволвирани во зависноста и романтичното врзување се слични, па се заклучува дека има многу сличности помеѓу секојдневното романтично врзување и зависноста.

Според заклучокот на студијата, експертите истакнуваат дека се постои научен доказ кој ја поддржува теоријата дека љубовта е, или може да биде зависност, на речиси ист начин како што потребата од дрога се карактеризира како зависност.

Луѓето кои имале негативни искуства во љубовта, имаат потреба од поддршка и третман, аналогни на оние кои им се пружаат на зависниците од одредени супстанци.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука