X
 01.05.2018 Живот

Бројките не лажат: Кои доктори живеат најдолго?

Ако сакате да живеете до вашата осумдесетта година, не се одлучувајте за анестезиологија како ваша специјализација. Британските истражувачи составиле табела за тоа кои доктори живеат најдолго и откриле дека анестезиолозите имаат најлоши стапки на преживување, со просечна возраст од 73 години и 4 месеци.

Спротивно на тоа, лекарите во јавното здравство ги очекува долга старост - 83 години и 3 месеци. Општата практика, која се смета за специјализација во која докторите се под висок притисок, изненадувачки добро се држи во однос на морталитетот. Докторите од оваа специјализација живеел 78 години и 11 месеци, и се најдоа веднаш позади хирурзите, акушерките и гинеколозите. Просечната возраст за смрт кај сите лекари е 78 години и 5 месеци.

Ова е листата од просечната возраст на смрт од медицинската специјализација.

8. Анестезиолог
7. Психијатрија
6. Радиологија
5. Педијатрија
4. Општ лекар
3. Хирургија
2. Акушерство и гинекологија
1. Јавно здравство
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот