X
 01.05.2018 Живот

Џеф Безос со совет до практикантите во „Амазон“: „Не барајте баланс меѓу животот и работата“

Извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос не е фан на фразата „баланс помеѓу работата и животот“.

На неодамнешниот настан за награди, организиран од Аксел Спрингер и главниот уредник на „Бизнис Инсајдер“, Алисон Шонтел, Безос ги откри советите што им ги нуди на новите вработени во „Амазон“.

џеф
Фото: Business Insider

Тој верува дека неговите нови вработени треба да престанат да се обидуваат да постигнат рамнотежа во нивниот професионален и личен живот, бидејќи тоа подразбира строг компромис меѓу двете. Наместо тоа, Безос вели дека е потребна поцелосна врска помеѓу работата и животот надвор од канцеларијата.

Историски гледано, најбогатиот човек во светот има нетрадиционален пристап за работа: тој секое утро појадува со своето семејство, не го мести алармот пред да си легне, закажува мал број состаноци и сè уште издвојува некоја минута плус за да ги измие своите чинии.

Овој контраинтуитивен пристап за одржување на здрава симетрија во рамките на неговата професионална и лична определба е еден од главните совети на Безос што му го нуди на својот персонал.

„Хармонијата меѓу работата и животот се она што се обидувам да ги научам младите вработени и извршните директори во компанијата, но особено луѓето кои доаѓаат. Постојано ме прашуваат за рамнотежата меѓу работата и животот, така што моето гледиште е дека тоа е лоша фраза, бидејќи подразбира дека постои строг компромис“, вели Безос.

Наместо да ги гледа животот и работата како балансирачки чин, Безос изјави дека попродуктивно е да ги гледа како два интегрирани делови.

„Станува збор за круг, а не рамнотежа“, вели Безос, додавајќи дека односот помеѓу неговата работа и личниот живот е реципрочен, и тој не ги издвојува во две натпреварувачки временски ограничувања.

„Ако сум среќен дома, тогаш в канцеларија доаѓам со огромна енергија. Ако сум среќен на работа, доаѓам дома со огромна енергија. Никогаш не сакате да сте тој тип, кој на состанок ја одзема целата енергија од собата. Сакате да влезете во канцеларија и да ја исполните просторијата со енергија“, вели Безос.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот