X
 01.05.2018 Технологија

Еве како можете да ја гледате Ф8 конференцијата на „Фејсбук“

Денес и утре се одржува годишната Ф8 конференција на „Фејсбук“. Тоа е конференција за девелопери, но и настан на кој од „Фејсбук“ ги претставуваат нештата на кои работеле.

Оваа година се очекуваат вести за проширената и виртуелната реалност (АР и ВР), апдејти на почетната страна и некоја вест за тајната иновациска лабораторија на „Фејсбук“ наречена „Зграда 8“. Исто така, ова ќе биде шанса за Марк Закерберг да ја придобие јавноста на своја страна по скандалите кои ја зафатија неговата компанија.

Настанот можете да го гледате на f8.com/watch. Ќе треба да ја внесете вашата електронска пошта за да се регистрирате и да го следите настанот во живот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија