X
 01.07.2020 Здравје

Ковид-19: По долго време повеќе оздравени од новозаболени во Македонија

Нови 120 случаи на Ковид-19 се регистрирани во изминатите 24 часа, информира Министерството за здравство. Направени биле 954 тестирања, а регистрирани се во: Скопје-64, Куманово-4, Дебар-4, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-14, Струга-5, Битола-3, Охрид-7, Гостивар-2, Македонски Брод-1, Свети Николе-2, Кичево-5, Ресен-5.

Институтот за јавно здравје регистрирал 123 оздравени пациенти од: Скопје-17, Куманово-92, Штип-2, Прилеп-1, Тетово-4, Велес-1, Кичево-1, Ресен-5.
Во ГОБ „8 Септември“ починале 4 лица од Скопје на возраст од 51, 56, 58 и 67 години.

Со овие податоци вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.454 Од нив 2.598 оздравеле, 306 починале, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 3.550. Досега во земјата се направени вкупно 61.727 тестирања за Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Ова се бројките по градови:

- Скопје 3.134, активни 2.049
- Куманово 760, активни 211
- Дебар 96, активни 44
- Штип 347, активни 160
- Прилеп 263, активни 37
- Тетово 714, активни 394
- Струга 225, активни 140
- Велес 186, активни 40
- Битола 54, активни 20
- Охрид 174, активни 150
- Кавадарци 18, активни 12
- Гостивар 122, активни 66
- Гевгелија 10, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
- Струмица 15, активни 10
- Крива Паланка 15, активни 9
- Радовиш 4, активни 0
- Крушево 6, активни 3
- Кочани 69, активни 22
- Пробиштип 19, активни 11
- Демир Хисар 2, активни 1
- Македонски Брод 5, активни 3
- Пехчево 6, активни 3
- Берово 2, активни 0
- Валандово 6, активни 2
- Виница 3, активни 0
- Делчево 1, активни 0
- Кратово 4, активни 1
- Свети Николе 30, активни 26
- Кичево 35, активни 29
- Ресен 108, активни 94
- Неготино 21, активни 10 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје