X
 01.07.2021 Живот

По колку време од дипломирањето се наоѓа прва работа во Македонија и во регионот?

Дури 37 отсто од жителите на Македонија чекаат повеќе од две години по земањето на дипломата за да добијат прво вработување, пишува Радио Слободна Европа на српски јазик, повикувајќи се на извештај од Советот за регионална соработка.

Според податоците, помалку од една година чекаат 23 отсто од дипломираните, а исто толкав процент чекаат и 1-2 години. 17 проценти и понатаму бараат работа.

Податоците покажуваат дека најголем процент на вработување во првата година по земањето на дипломата има Албанија (42%), по што следуваат Косово (36%), Црна Гора и Србија со 28%, Босна и Херцеговина со 24% и на последното место е Македонија.

Најголем процент на вработување 1-2 години по земањето на дипломата има Косово (30%), а потоа следуваат Србија со 29%, Македонија со 23%, Албанија и БиХ со 22% и последна е Црна Гора со 21%.

Според податоците, ние заедно со БиХ сме лидери во чекање на работа по повеќе од 2 години по земањето на дипломата, а потоа следува Србија со 32%, Црна Гора со 31%, Косово со 20% и на последно место е Албанија со 18%.

Најголем проблем со вработувањето очигледно имаат Црногорците, каде 20 отсто од оние со диплома сè уште бараат работа, а по нив следуваат Албанците (18%), па Босанците и Македонците со 17%, Косовците со 14 отсто и на последно место се Србите со 11 отсто.



Извор: Радио Слободна Европа
Насловна фотографија: Unsplash

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот