X
 01.07.2022 Живот

Индонезија воведува „дигитално-номадска“ виза - работниците може да живеат таму без да плаќаат данок

Во обид да се зголеми бројот на туристи и да ги достигнат нивоата како пред пандемијата, многу земји почнаа да нудат верзија на визата „дигитален номад“.

Овие визи им овозможуваат на работниците да живеат во одредена земја подолго време, да работат од дома и да придонесуваат за локалната економија.

Една од земјите што неодамна почна да нуди ваква виза е Индонезија. Министерот за туризам на земјата, Сандиага Уни, претходно објави дека земјата ќе почне да нуди петгодишна виза за работа на далечина со надеж дека ќе привлечат до 3,6 милиони привремени жители.

Не само што оваа виза нуди најдолг период за престој од ваков вид, туку нуди уште еден примамлив поттик. Со оглед на тоа што овие работници доаѓаат надвор од Индонезија, тие можат да живеат во Индонезија без данок.

Оваа стратегија обезбедува две работи: дека локалните жители нема да бидат раселени од нивните работни места и дека патниците ќе бидат поединци со подолг престој и повисоки трошоци кои ќе се инвестираат во областа.

Сè уште не се објавени насоките за тоа кога и како можете да аплицирате за виза. Но, во меѓувреме, тешко е да не си замислувате како работите гледајќи во бујна џунгла или седејќи под сенка на некоја прекрасна плажа.

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот