X
 01.08.2018 Култура

„Невозможно е во животот да не се доживее некаков неуспех, освен ако си живеел толку внимателно што воопшто и не требало да живееш“

Џоана Ролинг е родена на 31 јули 1965 година, а светска слава стекна со серијалот романи за Хари Потер. Нејзиниот роденден нè потсети на некои од најмоќните изјави на оваа британска писателка која ги инспирира жените од сите генерации, ширум светот.


Фото: Wikipedia

1.Потребно е многу храброст да им се спротивставиме на непријателите, но исто толку храброст ни треба да им се спротивставиме и на своите пријатели.

2. Невозможно е во животот да не се доживее некаков неуспех, освен ако си живеел толку внимателно што воопшто и не требало да живееш.

3. Животот честопати е болен, но секогаш е вреден. Понекогаш треба да ја промениме перспективата или да побараме помош.

4. Дали сте тип на личност која ликува кога жената ќе падне на колена, или таков кој го слави нејзиното величествено исправање на нозе?

5. Рамнодушноста и занемарувањето нанесуваат повеќе штета од отворената ненаклонетост.

6. Никогаш не се срамев од својата депресија. Зошто би се срамела? Имав тежок период во животот и се гордеам што го преживеав.

7. Не ни треба магија за да го промениме светот, туку ја носиме целата потребна сила во себе: имаме моќ да го замислиме подоброто.

8. Оние кои добиле многу повеќе од она што им е потребно имаат морална одговорност да го искористат тоа за да направат мудри работи и интелигентно да им дадат на другите.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура