X
 01.08.2021 Наша тема

Антонио Цветковски е чудо од студент, по скалилата на успехот со проф. д-р Ана Павловска-Данева, феноменот на омразата, 5Г... Што пишувавме неделава?

Во случај да пропуштивте...

Феноменот на омразата – новиот културолошки код или стариот модел на она што секогаш сме биле, сега видливо во животните околности? Можам уште многу да пишувам за овој феномен на денешницава. Можам. Сакам само едно, сепак: да апелирам до родителите да си ги учат децата на љубов. На радост, на прифаќање. На здогледување дека нивната промена ќе значи општествена промена. Дека треба да бидат слободни луѓе, а за да се изборат за таа слобода во секој поглед, омразата кон другиот не им прилега. Дека оној што мрази, не е слободен.

Антонио Цветковски, чудо од студент: Во средно конструира робот, а сега е вклучен во работата на фотонапонската централа на факултетот во Битола: Цветковски потекнува од пелагониското село Ношпал во Општина Могила, кое од градот го делат 26 километри регионален пат, што не е проблем за редовно да присуствува на предавањата, наставни и вонаставни активности, проекти, испити...

Дали вакцинацијата против ковид-19 треба да биде задолжителна? Резултати од анкета: Нешто повеќе од половина, или поточно 54,9 проценти од 1.046 анкетирани читатели се за воведување задолжителна вакцинација против ковид-19. Ова се резултатите од анкетата што анонимно и онлајн ја споведе Факултети.мк под прашањето „Дали сте за задолжителна вакцинација против ковид-19?“

5Г ни е на прагот: До Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) четири телекомуникациски компании испратија писма за искажување интерес за учество на тендерот за доделување одобренија за користење радиофреквенции за петтата мобилна генерација 5Г, што наскоро треба да го објави регулаторното тело.

„По скалилата на успехот“ со проф. д-р Ана Павловска-Данева: Зборовите на баба ми дека кога ќе пораснам, ќе бидам адвокатка, предодредија да го изберам правото: Особено влијание врз мене имаше мојата баба, која беше исклучителна жена, живееше со нас во заедница и нè чуваше мене и брат ми. Мислам дека нејзините зборови: „Ти кога ќе пораснеш, ќе бидеш адвокатка“, како и љубовта со која зборуваше за мојот дедо, кој бил правник, во голема мера го предодредија мојот избор на студии - вели проф. д-р Ана Павловска-Данева за нејзиното кокетирање со правната наука уште од рана возраст и растот во кариерата до високата образовна титула редовен професор.

БРО обезбеди свидетелства, училиштата ќе ги добијат пред почетокот на учебната година. Не треба да се плаќа за нив! Бирото за развој на образованието (БРО) обезбедило свидетелства за сите ученици во државата, информираат оттаму. Во јуни Факултети.мк објави дека свидетелства нема во училиштата, а причина за тоа беше долгата постапка на јавна набавка за печатење педагошка евиденција и документација. Документи за завршено образование во јуни добија само полуматурантите и матурантите зашто им беа потребни за уписи.

Колумна: Моменталните топлотни бранови нема да запрат во блиската иднина: Тие ќе станат почести и погубни во годините што доаѓаат. Како можеме да ги ублажиме ситуациите предизвикани од климатските промени?

Александар Чески си поставил предизвик - 365 дена да објавува по едно дело на социјални мрежи - Се научив да ги гледам секојдневните работи со други очи и пробувам да ги преточам во некој цртеж, вели тој.


Издвојуваме

Наша тема