X
 01.09.2018 Наука

Алатка која покажува колку се променила климата во вашиот град од вашето раѓање до денес

Дали некогаш сте помислиле дека кога бевте дете не беше толку топло? Не ви се причинува, навистина има повеќе топли денови во повеќето градови отколку кога растевте. Нова алатка од „Њујорк Тајмс“ покажува точно како се променила климата во вашиот роден град од вашето раѓање до денес.

Алатката користи една едноставна мерка за затоплувањето: во колку денови од годината биле измерени 32 или повеќе степени Целзиусови.

Така, ако во пребарувачот го внесете Скопје и како година на раѓање ја ставите 1985, алатката ќе ве извести дека кога сте се родиле, во областа на главниот град на Македонија можело да се очекува во околу три дена од годината да бидат измерени најмалку 32 степени.

Фото: New York Times (printscreen)

Ако одите надолу, ќе прочитате дека денес во Скопје може да очекува во текот на околу осум денови во годината да бидат измерени 32 или повеќе степени.

Ако продолжите да одите надолу, можете да прочитате дека кога ќе имате 80 години, би можело да има 21 многу жешки денови во годината.

Фото: New York Times (printscreen)

Доколку ве интересира колку се променила климата во некој друг град и за некој друг период, кликнете тука и внесете ги градот и годината. Не знаеме колку се веродостојни податоци, но секако се загрижувачки.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука