X
 01.09.2018 Технологија

„Јутјуб“ со нови опции

Новите алатки на „Јутјуб“, кои до крајот на неделава би требало да станат достапни на глобално ниво, се прилично едноставни.

Тие се состојат од збир на статистички податоци за тоа колку време сте поминале гледајќи видео снимки на овој сервис, неколку дополнителни опции со кои можете да одредите кои известувања ќе ги добивате од видео-сервисот на „Гугл“ и колку често, како и можност да се постави ограничување за гледање.

Статистичките податоци се поделени за гледање во текот на денес, вчера и минатата недела, а содржат и неделен просек. Тие се засноваат на она што може да се најде во вашата историја на прегледи. Ако ја избришете, податоците нема да бидат прецизни.

Не е јасно дали се сметаат видео записите прегледани додека не сте поврзани на интернет, но ако имате повеќе канали на „Јутјуб“ под истиот кориснички профил на „Гугл“, ќе ви бидат достапни податоци само за она што сте го гледале додека сте биле логирани на вашиот главен кориснички профил.

За да дојдете до статистичките податоци на мобилниот телефон, доволно е да отворите „Јутјуб“, а потоа да одите на вашиот профил во горниот десен ќош, за да го отворите менито за поставки. Таму ќе ја најдете опцијата „Time watched”.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија