X
 01.09.2018 Живот

Норвешки министри поднесоа оставки за да имаат повеќе време за фамилиите

Норвешката конзервативна премиерка Ерна Солберг ги смени министрите за нафта и сообраќај во рамки на реструктуирањето на владата откако двајца министри поднесоа оставки за да имаат повеќе слободно време за фамилиите.

Половата рамноправност игра значајна улога во норвешката политика и иако владата на премиерката Солберг има незначително машко мнозинство, клучните позиции како премиерската, онаа за министер за финансии и надворешни работи, ги држат жени.

-Мислам дека луѓето потценуваат колку е тешко да се биде министер кога децата не ви живеат во Осло. Тоа е главната причина зошто неколку министри поднесоа оставка, особено мажите - изјави Солберг.

Терје Соевикнес, кој беше министер за нафта само 20 месеци, ќе се пресели во својот роден град на норвешкиот западен брег, каде сѐ уште живеат двете негови деца од претходниот брак.

-Некои нешта се поважни од други - изјави тој и додаде дека тоа е вистинска одлука бидејќи му треба повеќе време за фамилијата.

Сличен чекор направи и министерот за сообраќај и комуникации, Кетил Солвик-Олсен, кој објави дека ќе ја паузира политичката кариера и ќе се пресели во САД на една година додека неговата сопруга не стане лекар во болница во Алабама.

На местото на Соевикнес дојде неговиот колега од Напредната партија, Кјел-Боерге Фрајберг, додека министерот за земјоделие Јон Георг Дале ќе го наследи Солвик-Олсен.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот