X
 01.09.2020 Култура

Уживајте во првата галерија посветена на дебармаалските порти

Дебар Маало е скопската населба во која можеме бескрајно да истражуваме и да откриваме во 100-годишниот континуитет на  историјата на архитектурата.

Портите и капиите претставуваат плод на занаетчиството, дизајн кој најчесто се работел наменски, според визијата на архитектот.  Тие му го оставаат првиот впечаток на оној што доаѓа, го креираат првото чувство на она што се најавува во внатрешноста.

Фасадната декоративна пластика секогаш насочува и го најавува влезот во објектот преку врамувања, обликувања натстрешници, пиластри, венци…

Од она што е останато во Дебар Маало,  можеме да препознаеме повеќе хронолошки стилски тенденции и правци во обликовната естетика.

Уживајте во првата галерија посветена на дебармаалските порти.

ГАЛЕРИЈА
Автор: Филип Конески
Извор: Marh.mk
Фотографии: Филип Конески

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура