Отворено е пријавувањето за стипендиите за студии по висока уметност, дизајн, визуелни комуникации и филм во Германија. Програмата им помага на студентите да ги завршат магистерските студии или курс на последипломско ниво од областа во Германија.
Стипендијата се доделува во времетраење од најмногу 24 месеци, а изнесува 861 евро месечно. Таа вклучува и надомест за патни трошоци и надомест за покривање на здравствено и друг вид осигурување. Во одредени случаи, стипендистите може да добијат дополнителен надомест за сместување и други потреби.
Пријавувањето трае до 30 ноември. Повеќе информации може да пронајдете
тука.