X
 01.10.2018 Образование

„Просветно дело“ ги кани наставниците од I до IX одделение на обука по математика

Издавачката куќа „Просветно дело“ во соработка со Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ и Природно-математичкиот факултет од Скопје организираат тридневна обука за наставници по математика од прво до деветто одделение. Темата е „Насоки за користење на збирките задачи по математика од прво до деветто одделение и вреднување на постигнувањата на учениците“.

Обуките ќе се одржуваат во киното „Синeплекс“ во Скопје Сити мол, од 3 до 5 октомври, од 9 до 12 часот, по следниов редослед:

- обуките за одделенските наставници ќе се одржат на 3 и 4 октомври
- обуката за предметните наставници ќе се одржи на 5 октомври.

Слушателите ќе се здобијат со сертификат. Предавачи ќе бидат професорите: Ѓорѓи Маркоски, Мирко Петрушевски, Весна Макашевска и Слаѓана Јакимовиќ, како и Валентина Гоговска и Трајче Ѓорѓијевски, советници од Бирото за развоја на образованието.
Предавачи од практична настава ќе бидат: Јасмина Маркоска, Лидија Филиповска и Анета Смилевска.

Обуката се организира на ниво на Град Скопје. Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот контакт: jovica.detskaradost@yahoo.com

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование