X
 01.10.2020 Живот

Погледнете како авантурист се искачува на облакодер без заштита

Еден полски авантурист познат под прекарот БНТ успеал да се искачи на Монтпарнас, еден од највисоките облакодери во Париз, висок над 200 метри, без да користи јаже или друга заштита. Притоа снимил и видео од искачувањето.

Дел од видеото што го објавил е од перспектива на качувачот, па доколку се плашите од височини, видеото можеби не е за вас.


Ова не е првпат некој да се искачи на „Монтпарнас“. Тоа го направил и Французинот Ален Робер во 2015 г.

За оние што се прашуваат, полицијата го уапсила БНТ, но според неговиот „Инстаграм“, тој веќе е надвор од притвор и веројатно го планира следниот подвиг.

Автор: Метју Харт
Извор: nerdist.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот