X
 01.10.2021 Образование

Кон академскиот почеток на УКЛО

Пригодна свеченост по повод почетокот на новата академска година на УКЛО се одржа на Факултетот за  безбедност – Скопје, настан на кој ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, упати порака до сите студенти, особено до новите, над 1.200 бруцоши и им посака среќен почеток и успешни студии.

 „Со самиот чин на запишување покажавте подготвеност и мотивираност за учење, а тоа во студентскиот живот многу ќе ви биде потребно. Однесувајте се со љубов кон својата идна професија, која е толку значајна и толку потребна за секое современо општество, но и со полна одговорност кон самите себе, своите семејства и сите што на кој било начин го поддржуваат вашето студирање. Како ректор на Универзитетот, чувствувам голема одговорност затоа што мене лично, на тимот на моите проректори, на деканите и продеканите на факултетите но подеднакво и на сите служби што ви стојат на располагање, на сите вработени на Универзитетот основна преокупација ни е да  работиме во полза на вашите потреби и максимално да придонесеме за да се чувствувате добро. За да ја постигне својата цел, за да може континуирано да се возобновува вашиот Факултет, но и Универзитетот во целина, УКЛО има потреба од вас, од сите нас, од вашите идеи, од Вашето и нашето инвестирање, од заеднички ангажман”, рече во своето обраќање, ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски.

1

Во амбиент на отворено, со строго почитување на здравствените протоколи и одржување на потребната дистанца, на првиот академски час присуствуваше и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасоски и други гости од општествениот живот. Срдечно добредојде до новата генерација студенти упати и деканот на Факултетот за безбедност, проф. д-р Никола Дујовски по што свечениот настан е заокружен со доделување на индексите на најдоброзапишаните студенти во академската 2021/2022 година.

2

Академскиот почеток пригодно беше означен и на другите единици на УКЛО. Проректорот за настава, проф. д-р Љупче Кочоски, од името на УКЛО се обрати пред студентите од Факултетот за биотехнички науки – Битола, додека проректорот за наука, проф. д-р Игор Неделковски, присуствуваше и им посака добредојде на студентите од Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола.

4

Во духот на кохезијата на УКЛО, на првиот час на Правниот факултет, дисперзирани студии во Битола, се обрати проректорот, проф. д-р Марјан Ѓуровски, кој со деканот, проф. д-р Горан Илиќ, симболично им ги доделија индексите на прворангираните бруцоши.

5

6

На 4 октомври 2021 г. пригоден настан по повод академскиот почеток ќе се одржи на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во еден исклучителен и несекојдневен амбиент, во дворот на црквата „Св. Софија“, на кој ќе присуствуваат проректорот за финансии и развој, проф. д-р Гордана Трајкоска, и ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски.  

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование