X
 01.11.2018 Наука

Обожавател на јапонска серија случајно решил математички проблем стар 25 години

Некако, на некој начин, обожавател на јапонски аниме ненамерно успеал да реши сложено математичко прашање кое научниците со години се обидувале да го решат.

Освен ако не сте добро запознаени со аниме, веројатно никогаш не сте слушнале за серијата „Меланхолијата на Харухи Сузумија“, која траела од 2006 до 2009 година и имала само две сезони. Во оваа бизарна серија имало голем број случувања, од патување во времето, паранормални активности до филозофски парадокси. Серијата првично била емитувана во нелинеарен ред и била прикажана во различен редослед кога била објавена на ДВД. Оттогаш, обожавателите се обидувале да откријат по кој ред треба да ја гледаат серијата, како и кој е најбрзиот начин да се гледа серијата во секој можен редослед?

problem
Фото: Printscreen


Токму тука доаѓа анонимниот обожавател, кој имал решение за проблемот; едноставно, фановите требало да гледаат помалку епизоди бидејќи нема шанса да ги гледаат во секој можен ред.

Сега е време за математичката страна на приказната.

Дозволете да ве запознаеме со светот на комбинаториката, гранка на математиката што се занимава со пермутации и суперпермутации. Ова е начин на наведување збир на работ или елементи преку бројки. На пример, пермутацијата на броеви помали од 4 може да биде наведена како 123 или 312. Суперпермутацијата ја вклучува секоја можна пермутација на едно множество.

Така, за броевите помали од 4 постојат шест различни пермутации и кога се напишани по ред, гласат: 123121321.

Како што можете да замислите, погустиот збир на броеви станува посложена суперпермутација. Сет од само пет броја резултира во листа со 153 карактери.

Математичарите сакале да пронајдат начин да ги направат овие суперпермутации колку што е можно пократки и лесни за пронаоѓање, но никако не можеле да го решат проблемот - сѐ до моментот кога математичарот Робин Хјустон ја открил теоријата на фановите на аниме, позната како „Проблемот Харухи“.

Откако го пронашол и го споделил со колегите, истражувачите почнале да ја разгледуваат теоријата на обожавателот на аниме, што всушност помогнала.

- Она што е убаво за математиката е дека е доказ што започнува со вашата хипотеза и води до вашиот заклучок. Ова докажува дека не мора да бидете професионален математичар за да ја разберете математиката и да ја поместите границата на знаењето - вели Џеј Пантон, математичар од Универзитетот „Маркет“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука