X
 01.11.2019 Култура

„Куќа на змејовите“ - што досега се знае за оваа серија

Веста за новата серија на Ејч-би-о, која му припаѓа на светот на „Игра на троновите“, дојде по само неколку часа откако Ејч-би-о ја откажа другото претходно најавено претпродолжение. Во серијата наводно требаше да глуми Наоми Ватс, а дејството требаше да биде илјадници години пред „Игра на троновите“. Ватс снимила пилот-епизода во Северна Ирска за самата серија.

Серијата ќе биде базирана на книгата „Оган и крв“ на писателот Џорџ Р. Р. Мартин и ќе се вика „Куќа на змејовите“.

„Оган и крв“ излезе во 2019 година, а дејството ја следи историјата на куќата Таргариен, односно предците на Денерис и нивната борба во граѓанската војна. Засега проектот треба да има само 10 епизоди, а дејството е сместено околу 300 години пред случувањата во главниот серијал „Игра на троновите“.

Идејата е „Куќата на змејовите“ постепено да доведе до дејството во новата серија „Танц со змејовите“. Оваа серија ќе се занимава со еден од поголемите настани во историјата на Седумте кралства што довел до граѓанска војна помеѓу двете фракции на куќата Таргариен. Но, засега не е познато кога треба да има премиера „Куќата на змејовите“.

- Од застрашувачките тајни на историјата на Вестерос, вистинското потекло на Белите шетачи, мистеријата на Истокот, до легендата за семејството Старк, само едно е сигурно - тоа не е приказна за која мислиме дека знаеме сè - изјави авторот на серијалот на книги, Џорџ Мартин.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура