X
 01.11.2019 Живот

Операција на мозок пренесувана во живо на „Фејсбук“

Во вторникот лекари извршија операција на мозок на жена и илјадници луѓе го гледаа тоа во живо на „Фејсбук“.

Храбрата 25-годишна Џена Шардт беше под ножот за време на операцијата во медицинскиот центар „Методист“ во Далас, САД. Од нејзиниот мозок требало да се отстрани клопче малформирани крвни садови (каверном) кои предизвикувале напади и кога болницата ја прашала за пренесување на процедурата преку „Фејсбук“, таа се согласила.

- Џена сакаше да ѝ покаже на заедницата дека ако го имате овој проблем, можете да го решите. Таа беше пример за нас и ние ја поддржавме поради тоа - истакна Нимеш Пател, шефот на одделението за неврохирургија во болницата.

При преносот не беше прикажана крв од операцијата бидејќи тоа би ги прекршило политиките на „Фејсбук“. Но, била прикажана Шардт будна среде процедурата.

За среќа, тоа не било несреќа предизвикана од мала доза на анестезија - на хирурзите им била потребна будна пациентката за да бидат сигурни дека нема да попречат некои делови од нејзиниот мозок одговорни за говор или за движење.

- Ако погодиме погрешна точка, тоа може да нè чини нејзината способност да зборува, па затоа мораме да ги мапираме деловите за говор пред да продолжиме. Мораме физички да ги мапираме на мозокот додека таа е будна и зборува со нас - истакна Бартли Мичел, неврохирургот кој ја оперирал пациентката.

45-минутното видео имало повеќе од 45.000 прегледи и илјада коментари додека да заврши, а врз основа на тие коментари може да се заклучи дека искуството на Шардт им помогнало на другите, баш како што сакала таа.

Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот