X
 01.11.2019 Забава

Прекрасна визуализација покажува колку е голема вселената

Нова страница наречена „Големината на вселената“ (The Size of Space) илустрира колку неразбирливо голем е космосот.

Како што вртите надесно со стрелката на тастатурата, страницата ве води на патување од големината на астронаут, па до целиот видлив универзум. Како што се зголемува нивото, од вселенски брод до месечини или планети, помалите објекти стануваат мали точки пред целосно да исчезнат.

Нил Агарвал, кој стои зад страницата, искористил некоја од најдобрите визуализации за секој објект, на пример, Земја која ротира базирана на сателитски снимки.

Тоа значи дека повеќето од црните дупки се едноставно кругови нацртани со рака и измешани во разнобојните слики од далечните галаксии и супернови. Секако, тоа не е случај со црната дупка М87, која беше фотографирана годинава.

Страницата е одлична за сите оние што се интересираат за вселената, а е корисна за сите наставници по географија.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава