X
 01.11.2020 Образование

Најпопуларните онлајн-курсеви на „Курсера“ минатата година

„Курсера“ неодамна објави листа со 10 најпопуларни онлајн-курсеви во 2019 година. Дури седум се поврзани со дигитални вештини и вештачка интелигенција.

Најпопуларни онлајн-курсеви во 2019 на „Курсера“

1. „Машинско учење“ од Универзитет „Стенфорд“
2. „Научете како да учите: Моќни ментални алатки кои ќе ви помогнат да совладате тешки предмети“ од Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего
3. „Наука за благосостојбата“ од Универзитетот „Јејл“
4. „Програмирање за секого: Основи на 'Пајтон'“
5. „Вештачка интелигенција за секого“
6. „Нервни мрежи и длабинско учење“
7. „Англиски јазик за напредок во кариерата“
8. „Алгоритми, дел 1“ од Универзитетот „Принстон“
9. „Вовед во 'Тенсор флоу' за вештачка интелигенција, машинско учење и длабинско учење“
10. „Што е наука за податоци?“

Бесплатните онлајн-курсеви почнаа да се нудат во 2008 година. „Курсера“ постои од 2012 г., а оттогаш соработува со универзитети за да нуди онлајн-курсеви. Во 2019 година 110 милиони луѓе следеле онлајн-курсеви и над 900 универзитети креирале вкупно 13.500 курсеви.

Автор: Луси Фостер
Извор: weforum.org
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование