X
 01.11.2021 Образование

Дали Илон Маск навистина сака да отвори универзитет?

Илон Маск продолжува да го зголемува богатството благодарение на постојаниот раст на цените на акциите на неговата компанија за електрични автомобили „Тесла“. Сепак, се чини дека неговите амбиции не стивнуваат.

Неодамна претприемачот напишал на „Твитер“ дека размислува да основа нов универзитет. Универзитетот би се викал Тексашки институт за технологија и наука. Некои ја поздравија објавата, но многумина мислат дека станува збор за шега, особено поради името на можниот универзитет, чиј акроним може да биде навредлив (Texas Institute of Technology & Sciences - TITS)



Маск има две дипломи - по физика и по економија. Тој прифатил и понуда за докторски студии по материјални науки на Универзитетот „Стенфорд“, но се откажал од оваа идеја.

Сепак, Маск минатата година изјави дека факултетот бил за забава, а не за учење. Зборувајќи на конференција, тој изјавил дека факултетот бил вреден само како место на кое се учи дисциплина и набројал повеќе успешни луѓе што не завршиле факултет.

Извор: Interesting Engineering
Фото: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование