X
 01.12.2018 Живот

Три каменчиња од Месечината продадени за 855.000 долари

Три каменчиња од Месечината, кои ги донела советска вселенска мисија во 1970 година, се продадени на аукција во Њујорк за 855.000 долари.

Од аукциската куќа „Сотби“ истакнаа дека камењата се единствен документиран материјал во приватна сопственост. На продажба беа понудени од страна на неименуван приватен колекционер од САД, кој во 1993 година ги купил на аукција за 442.500 долари.

Од куќата додадоа дека купувачот исто така е приватен колекционер, но не го објавија неговото име. Исто така, пред аукцијата од „Сотби“ истакнаа дека каменчињата би можеле да достигнат цена до милион долари.

Примероците од Месечината изворно ѝ припаѓале на Нина Ивановна Королјева, вдовица на поранешниот директор на советската вселенска програма, Сергеј Павлович Королјев. Советскиот Сојуз ѝ ги подарил каменчињата во знак на признание за придонесот на нејзиниот сопруг за вселенската програма.

Каменчињата од Месечината во 1970 година ги зела сондата без човечки екипаж „Луна 16“, која на Месечината направила дупка длабока 35 сантиметри и зела примерок.

Мнозинството други примероци од Месечината остануваат во сопственост на земјите што ги зеле.

Колекционерите плаќаат огромни износи за артефактите од истражувањето на вселената. Минатата година „Сотби“ продаде вреќичка за собирање примероци, која ја користел Нил Армстронг во 1969 година, за 1,8 милион долари
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот