X
 01.12.2019 Живот

„Фати го ветрот“: Хит-формулата на Холандија за здравје и среќа

Пред неколку сезони светот полуде по „хиге“, данскиот концепт за среќен живот, па така тој почна да се појавува на различни веб-страници, во книжарници и телевизиски програми.

Овој рецепт за среќа подразбира добро расположение, чувство на удобност и релаксација што, меѓу другото, се постигнува со топлинки, шолја чај или супа во вашиот топол дом. „Хиге“ е и смеата со пријателите меѓу залаците за време на ручекот, како и фрлање работи што повеќе не ви се потребни.

Холандскиот одговор на данската филозофија не сугерира дека треба да останеме дома, туку да излеземе на улиците, во природа, да веруваме во моќта на ветрот, односно да дишеме свеж воздух. Бидејќи деновите стануваат пократки и паѓаат температурите, „уитваеин“ (uitwaaien) се препорачува против зимското нерасположение, го намалува стресот и ја враќа енергијата. Освен тоа, редовното проветрување ја поттикнува креативноста и ја подобрува концентрацијата.

Во практика, „уитваеин“ може да биде брзо одење или трчање во природа, планинарење или возење велосипед. Најдобро е да ги пробате и двата бидејќи не постои ништо послатко од тоа да се почестите себеси со топло „хиге“ по будењето со „уитваеин“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот