X
 02.01.2019 Живот

Годишен хороскоп за 2019 година

Овен

За припадниците на овој знак 2019 година ќе биде полна со предизвици. Доколку на моменти мислите дека сѐ е против вас и дека земјата под нозете ви се тресе, застанете и обидете се да се смирите и јасно да ја согледате секоја ситуација, со оглед на тоа што често во текот на годината вашето доживување за реалноста ќе биде подраматично од реалната ситуација. Првиот дел од годината ќе биде особено турбулентен на сите полиња. Особено обрнете внимание на финансиите, како и на семејните односи, бидејќи на овие полиња ќе ви се појават најголеми предизвици.

Љубовта во 2019 година ви носи предизвици. Нема да биде лесно, но важно е да ја освестите оваа област од животот за подготвено да ги пречекате сите несогласувања и потенцијални проблеми и расправии со партнерот. Важно е оваа година да бидете целосно отворени за соработка, разговор и искреност бидејќи комуникацијата е најважна за да го пребродите проблемот. Ова не важи само за интимните, туку и за семејните односи. Во 2019 година во семејството ќе ве дочекаат несогласувања и лоши односи. Кога станува збор за работата, 2019 година е ваша и на ова поле ве чекаат многу убави работи и промени на подобро. Ќе имате добри можности за напредок на работа, промена на позицијата, па дури и промена на самата работа. Финансиите оваа година ќе ви бидат поволни поради вашиот вложен труд и работа. Во втората половина од годината ве очекуваат повеќе трошоци, но со добра причина. Тоа нема да биде загуба, туку можеби трошок за некое подалечно патување и трошок што ќе биде поврзан со семејството и радосни случувања. Здравствената состојба во 2019 година оди на подобро. Ова е година кога треба да се посветите на вашето здравје, на природен начин. Затоа, посветете се на физичката активност, бидете дисциплинирани, воведете нови, здрави навики во исхраната и пронајдете време за себе и начин да се опуштите од стресот и напнатоста. Крајот на годината ви донесува мир и позитивна енергија, ослободување од стресот и напнатоста и решавање на проблемите.

Многу припадници на овој знак ќе патуваат, а можна е и преселба во друг град, но можеби и во друга држава.

Бик


Биковите ќе ја дочекаат 2019 година подготвени за борба. Годината нема да биде лесна, но сите предизвици што ќе ги имаат биковите ќе бидат една голема лекција. Тоа особено се однесува на областа на работата, финансиите, но и здравјето. Сепак, поддршката во таа борба бикот ќе ја добие од емотивниот живот, што ќе му даде потпора и сила да го извлече најдоброто и да ги смири страстите кога ќе биде неопходно. Љубовта е она што ќе биде светла точка на биковите во 2019 година. Таа ќе биде нивната основа и извор на сила за сите аспекти од животот. Многу бикови во 2019 година ќе запознаат важна личност со која ќе влезат во врска, а која ќе се заснова на доверба, убави емоции, пријателство и поддршка. Ова е период кога треба да уживате во тоа, полека да го запознавате партнерот и да ја освојувате неговата наклонетост. Нема потреба да брзате, моментите нема да се вратат. Ова е добра можност да работите на себе, во смисла на отвореност кон партнерот, кон пријателите, како и кон членовите од семејството. Од друга страна, бизнис-можностите во 2019 година ќе бидат помалку предизвикувачки. Сепак, доколку ги сфатите како можност да се покажете и го зграпчите моментот да растете и да се развивате на ова поле, цел период нема да помине премногу бурно. Не ограничувајте се, сетете се на вашите можности и искористете ги. Не сомневајте се во себе, туку соочете се со предизвиците и зграпчете го успехот, кој е особено можен во првата половина на годината, а најмногу во текот на март. Дајте сѐ од себе за да ја стабилизирате финансиската состојба.

Здравјето во оваа година нема да ви создава поголеми проблеми. Акцентот е на превентивата, така што обидете се во вашата рутина да воведете што е можно повеќе здрави навики, подобра исхрана и физичка активност.

Близнаци


Променлива и малку нестабилна година е пред вас, па затоа советуваме да бидете подготвени и трпеливи. Годината за сите припадници на овој знак ќе биде исполнета со позитивни и малку негативни случувања што ќе се менуваат брзо, па можеби некогаш нема ни да стигнете да сфатите што ви се случува. Љубовниот живот е она на што треба да обрнете внимание, особено доколку сте во врска или во брак. Голема е веројатноста вашиот однос да биде ставен на тест, бидејќи ќе посакате промени кога станува збор за љубовниот живот и сегашниот партнер, посебно во првата половина од годината. Сепак, најдобриот совет е добро да размислите пред да донесете некоја драстична одлука и промена, бидејќи некои работи нема да успеете да ги вратите на старо. Обрнете внимание на добрите страни на вашите врски и обидете се тоа повеќе да го цените. Доколку сте слободни, отворете ѝ се на личноста што ви се допаѓа, признајте ѝ што чувствувате бидејќи може да добиете позитивна реакција и можност за нова врска. Тоа се однесува и на семејните и на пријателските односи - обидете се да им пристапите што понежно на овие релации, па ќе наидете на повеќе разбирање за луѓето. Тоа ќе ви отвори многу врати. Кариерата е полето во кое ве чекаат промени. Оваа година ќе имате можност да менувате некои работи во кариерата, без оглед на тоа дали тоа се промени на позицијата или промена на самата работа, а можеби и правец во кариерата. Имајте го ова предвид кога ќе донесувате одлуки во врска со работата, бидејќи може значајно да ви ја промени кариерата.

Здравјето оваа година ќе ви биде променливо. Затоа би било добро да се занимавате со превентива, навремено да ги извршите годишните прегледи за да ги спречите проблемите.

Рак

Раковите важат за доста емотивни, чувствителни и семејни личности, но во 2019 година ова навистина може да се промени во насока на продуктивноста на работен план. За раковите, оваа година ќе биде во знакот на работен и личен напредок, учење, развивање на потенцијалот и напредок во секоја смисла. На припадниците на овој знак 2019 година ќе им донесе толку добри работни резултати колку што ќе вложат труд и работа. Така што, ако видите дека напредокот и резултатот заостануваат, нека не ви биде криво бидејќи тие се директен показател за вашето вложување. Од друга страна, ако се залагате целосно, можете да очекувате унапредување, како и финансиско задоволство. За оние што водат приватен бизнис, ќе има добри можности да го унапредат, да развијат некои нови идеи и да привлечат нови клиенти. Она што е важно е добра организација и план, кон кои треба да се држите. Припадниците на овој знак што се во врска треба да имаат на ум дека добрата и отворена комуникација е клучна за 2019 година. Сега не е вистинско време тврдоглаво да се држите до вашите ставови и да мислите дека само вие сте во право, туку да го послушате партнерот и да најдете разбирање. За раковите што се слободни, вистинско време за влегување во нова врска е од јануари до март, како и од октомври до декември. Тоа важи и за раковите што се во врска и сакаат да стапат во брак. Многу ракови во текот на оваа година ќе вложат во реновирање на својот дом или ќе купат нова куќа/стан.

Здравјето во текот на 2019 година за раковите ќе биде под влијание на емотивни осцилации, па обидете се да се чувате од стрес. Посебно критичен период е од средината на мај до јули. Потрудете се да бидете нежни кон себе и кога ќе наидете на стресен период, максимално да се чувате и да сфатите дека на некои работи може да влијаете, а на некои не.

Лав

Можеби 2018 година за лавовите не беше плодна, но затоа 2019 година ќе биде во секоја смисла! Ве чека оптимистична година, исполнета со ентузијазам и самодоверба. Иако нема сите работи да се одвиваат лесно, со малку труд, за сите припадници на овој знак оваа година ќе биде добра, полна со позитивни промени. Љубовниот живот за лавовите што се во врска ќе донесе многу позитивна енергија. Кај оние што се во брак може да дојде до проблеми и нестабилност во првата половина на годината, па затоа обидете се да ги решавате на мирен начин и не дозволувајте вашето его да преовладува. Ќе има љубоморни испади од ваша страна, но не е време за тоа. Доколку имате семејство, би било добро посебно внимание да им обрнете на вашите деца, особено од април до август, бидејќи тогаш ќе им биде најпотребно. За припадниците на овој знак што сакаат деца, ова е вистинската година за тоа. На работен план лавовите ќе покажат голема енергија и волја за работа. И покрај големиот број обврски, нема да ви биде проблем да го дадете максимумот, и повеќе од тоа. Нема да се чувствувате преморени, туку напротив, голем број работни обврски ќе ве мотивираат да работите повеќе и подобро, и во согласност со тоа, работните резултати и финансии нема да ве изневерат. Сите задачи, планови и проекти ќе ги исполните навреме, без никакви компликации. Финансиите оваа година ќе бидат на удар. Ќе заработите многу, но и ќе трошите, па обрнете внимание тоа да не биде надвор од вашите граници.

Иако работата нема да ви е тешка, факт е дека ќе имате малку време за одмор и релаксација, може да го загрозете вашето здравје, па затоа внимавајте. Повеќе стрес ве очекува во јули и август, па внимавајте.

Девица

Новата 2019 година за девиците ќе биде полна со подеми и падови, но она што можете да го направите за себе е да се фокусирате повеќе на добрите работи што ќе се случат во текот на 2019 година, а од лошите да научите важни лекции што нема да ги повторувате. Вашата кариера во 2019 година ќе се движи добро, од самиот почеток на годината, па до април. Добрите бизнис-одлуки што ќе ги донесете ќе се одразат на добар резултат во текот на овој период, како и соодветно финансиско задоволство. Во овој период можете да очекувате зголемување на приходите, како и напредок во кариерата кога станува збор за промена на позициите. Сепак, од април до август треба да внимавате, а со посебно внимание да ги извршувате работните активности. Ова се однесува на документи и договори што ќе ги потпишувате. Потоа, иако со благи турбуленции на работен план, работите ќе се одвиваат на правилен начин. Кога станува збор за финансиите, не се советува да преземате какви било ризични инвестиции бидејќи оваа година не е за тоа. Подобро е да играте на сигурно. Исто така, во текот на оваа година треба да се решат некои имотни прашања со кои досега имавте проблеми, особено ако станува збор за наследен имот. Од почетокот на годината ќе се соочите со големи промени во врската, со раскинувања, привремени или постојани, што во вашиот живот ќе донесат немир. Потребни ви се трпение и упорност за да ги решите сите проблеми што се акумулирале во вашата врска, но доколку сте трпеливи, работите можат да се решат на еден позитивен начин. Од април до септември односите ќе ви бидат малку подобри, но не целосно. Ќе се соочите со ограничувања, но потрудете се да ги гледате како нешто од кое треба да извлечете лекција.

Здравјето е она што во новата година ќе ви биде одлично, па затоа потрудете се така да остане. Идеална година за духовен раст.

Вага

Припадниците на овој знак во 2019 година ќе се соочат со турбуленции на сите полиња, многубројни подеми и падови, но сепак и стабилна природа, така што ќе можат да се фокусираат и да ја соберат енергијата што им недостига. Со оглед на тоа што на вагите им е непријатно кога работите ќе станат нестабилни, ќе се соочат со немири кога работите ќе почнат да се менуваат. На работен план, во текот на 2019 година може да дојде до промени што нема баш да ви одговараат. Ќе има некои лоши процени, ризични финансиски потези, како и лоши односи, но треба да се фокусирате и реорганизирате за да најдете најдобар начин да ги решите предизвиците со кои се соочувате. На моменти ќе чувствувате голема нервоза, анксиозност, но ако се соочите со сите тие предизвици на смирен начин, во втората половина од годината можете да очекувате напредок на работата. Внимавајте од мај месец па до крајот на годината, соработниците може да ви работат зад грб. Кога станува збор за финансиите, вистина е дека оваа година малку потешко ќе заработувате, но не гледајте на тоа трагично. Со добра финансиска организација и внимателно трошење, нема да изгубите ништо. Добриот финансиски прилив ве очекува од втората половина на август па до крајот на септември. Љубовните односи во 2019 година за припадниците на овој знак би требало да бидат стабилни и оваа година конечно да донесат нова љубов и страст. Вагите што се во врска или во брак ќе се соочат со предизвик во врска со партнерот, што ќе донесе тензија и нервоза, па затоа треба да постапат смирено, да се обидат да го разберат партнерот и работите да ги решаваат чекор по чекор.

Кога станува збор за здравјето, вагите во текот на 2019 година треба да внимаваат повеќе на физичкото здравје, но и психичкото. Стресот може да ви биде најголем причинител за здравствени проблеми.

Скорпија


Новата 2019 година на скорпиите ќе им однесе успеси на сите полиња. Може да се каже дека конечно ќе издишете и ќе започнете да собирате плодови од вашиот труд од претходниот период. Доста работи ви одат со леснотија, па потрудете се да ги искористите овие предности и да заблескате оваа година. Доколку сте во врска или брак, ова е добра година да го развиете односот со партнерот. Излезете од удобната зона, преземете некои нови активности, бидете креативни, партнерот ќе го цени тоа. Што повеќе дружете се со заедничките пријатели и  ширете го кругот на познанства - добро ќе ви дојде. Некои од вас во оваа година ќе се покажат во ново, сосема различно светло, и со тоа ќе покажат дека умеат да бидат целосно емотивно отворени. Припадниците на овој знак што се слободни ќе имаат доста активен друштвен живот, што треба да го искористат максимално бидејќи ги чека интересна личност која ќе ја запознаат преку пријателите. Посебно бидете отворени во текот на месец октомври. Важно е да бидете трпеливи и да не трошите енергија на неважни личности кои на момент ќе помислите дека се важни. Подобро е времето да го поминете во кругот на пријателите, отколку со луѓе кои ќе ја трошат вашата позитивна енергија. Кога ќе се појави вистинската личност, ќе го знаете тоа. Работата е поле на кое ќе имате успех. Сиот труд и залагање што сте го покажале во 2018 година сега доаѓаат на виделина, и освојуваат заслуги, добри резултати и финансиски просперитет. Конечно, надредените ќе покажат почит и восхит кон вас, и ќе ви оддадат чест за сите заслуги.

Здравјето во текот на оваа година ќе биде солидно, без поголеми проблеми. Она на што треба да обрнете внимание е вашето психичко здравје.

Стрелец

Годината што е пред вас ќе ви донесе подеми и падови, но имајте предвид дека ви носи многубројни можности и околности што треба да ги искористите. Може да се каже дека доста работи ќе ви одат од рака и дека во некои моменти ќе имате среќа. Ова е одлична година за раст, имајте го тоа предвид дури и во најтешките моменти. Стрелците што се во врска во текот на оваа година треба да се тргнат од сите забранети тајни односи во кои лесно може да влезат. Големи се шансите тој потег да влијае врз вашата врска и односот со партнерот, а и да го компромитира и да му штети на вашиот углед. Затоа, тргнете се од таквите односи, иако се предизвикувачки и привлечни. Фокусирајте се на партнерот и сето она што е добро кај него, и ќе сфатите дека она што го барате на друга страна веќе го имате. Слободните стрелци некоја посериозна приказна може да очекуваат во текот на последните месеци од 2019 година, но малку трпение и ќе видат дека вредело да чекаат. Оваа година ќе биде турбулентна кога станува збор за семејните односи, бидејќи некои ситуации може да го нарушат вашиот однос. Затоа потрудете се работите да ги гледате со бистра глава и собрани мисли, за да не повлечете погрешни потези и да повредите луѓе околу себе. Работната година што е пред вас ќе биде полна со напредок, учење нови работи, раст во секоја смисла. Важно е во текот на оваа година да се фокусирате не толку на добрите бизнис и финансиски резултати, колку на вашата состојба и задоволство на работа. Финансиите во оваа година и тоа како ќе бидат добри и стабилни. Очекувајте раст на профитот и заработка без премногу труд.

Здравјето е нешто што во текот на 2018 година доста сте го исцрпиле, па сега е време да ги наполнете батериите.

Јарец

За јарците, 2019 година ќе биде година на промени, како на личен така и на работен план. Годината што е зад вас ви донесе доста турбуленции, психичка исцрпеност и стрес, но затоа сега новата година е тука за да ја вратите изгубената енергија. Идеално за ментално закрепнување, што ви е потребно. За припадниците на овој знак што се во врска, но и за оние слободните, работата на односите е доста важна во текот на оваа година. Партнерот може да почувствува дека се повлекувате, дека сте резервирани и незаинтересирани, а нема да знае дека не е до него доколку не разговарате отворено. 2018 година беше психички исцрпувачка, но доста е важно да не се повлекувате. Довербата во односот е клучна, како и отворената комуникација, па важно е тоа јасно да го кажете. Работите не мора да бидат лоши меѓу вас доколку тоа го направите, а секако може да ја зајакне вашата врска. Слободните јарци нема да бидат заинтересирани за социјализација, дружење и излегувања, туку ќе сакате да се насочите кон себеси и вашиот мир. Тоа не е лошо за обновување на енергијата, но не претерувајте бидејќи може да ве одведе во крајност, и на крајот да ја пропуштите можноста да запознаете некои интересни луѓе. Работата е полето на кое оваа година ќе заблескате. Вашата амбициозност, посветеност и корисност ќе дојдат до израз и ќе ви донесат успех, и конечно добри резултати. Важно е во текот на оваа година добро да се организирате, да се фокусирате на вашите цели и да не отстапувате од нив.

Кога станува збор за здравјето, чувајте се од стрес и воведете редовни физички активности.

Водолија


Новата 2019 година е година на промени за водолиите, период кога ќе излезете од вашата удобна зона и ќе правите нешто што можеби не е својствено за вас. Сепак, бидејќи сте со отворени ум и душа, ќе бидете подготвени на промени. Во полето на љубовта ќе доживеете значајни промени. Секогаш независни, водолиите ја сакаат својата слобода, и без оглед дали се во врска или не, тие инсистираат на тоа. Доколку сте во врска или брак, сега е време различно да го согледате вашиот однос. Ќе ви биде потребно повеќе да се зближите со партнерот, да се предадете целосно, иако тоа може да ја загрози вашата слобода. Ќе бидете спремни на тоа и свесни што тоа носи со себе. Секако, ве чека одлично поминато време со партнерот, а доколку и понатаму ве влече вашата желба за ширина и пространство, би било идеално да одете на некое романтично и необично патување, во некоја далечна земја. Во полето на финансиите, ѕвездите оваа година ќе ви помогнат да направите деловна промена што одамна ја планирате. Внимавајте кога потпишувате договори и прочитајте ги докрај. Финансиската ситуација нема да го следи работниот раст, но секако нема да биде лоша. Она што сега е важно е преостанатите задачи и долгови да ги средите за да не ве следат во наредниот период.

Стресот е она на кое треба да обрнете внимание и работите да ги решавате навреме, а не кога ќе биде предоцна. Пронајдете начин психички да се одморите.

Риби

Доколку во 2018 година се чувствувавте малку изгубено, без да знаете каде одите или постојано си поставувавте прашања на кои немавте одговор, сега е моментот кога работите ќе си дојдат на свое место. Ќе бидете насочени кон себе и ќе се занимавате со интроспекција, па на тој начин ќе добиете многу одговори. Ова е година во која вашата самодоверба ќе биде на завидно ниво. Припадниците на овој знак што се во врска или брак сега имаат период пред себе кога во вистинско светло ќе го согледаат односот со партнерот. Во односите, без оглед дали се љубовни, пријателски или семејни, мора да вложувате и тоа секогаш имајте го предвид, бидејќи лесно може да се случи да ви падне од фокус и да ги занемарите луѓето околу вас. Не земајте ги врските здраво за готово, туку секогаш работете на нив. Во текот на летото може да се случи врската да западне во криза и тоа може да потрае до есента. Таа криза ќе има цел, а тоа е да сфатите што всушност имате, колку е тоа вредно за трудот што го вложувате и колку ви годи. Кога станува збор за работниот период пред вас, може да се каже дека тоа е период кога конечно целиот труд што сте го вложиле ќе се исплати. Првиот дел од годината е посебно поволен бидејќи работите ќе ги работите со леснотија и ќе имате доста среќа. Само важно е да не се опуштате, инаку цела година нема да биде така лесна. Кон крајот на пролетта ве очекуваат одредени предизвици на работен план и важно е да бидете подготвени.

Здравјето ќе ве служи само ако внимавате и се грижите за себе. Слушнете го вашето внатрешно јас и земете го предвид како знак дека треба да направите пауза и да закочите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот