X
 02.02.2017 Образование

Не е секогаш потребен просек од 10,00 за успех во животот

Не можат сите да имаат 10 просек на факултет. Некои студенти доаѓаат од училишта кои не ги подготвиле адекватно за начинот на работа и учење на факултетот, а други пак мораат да работаат на две работни места за да ги финансираат студиите, трошоците за живот, а можеби и да им помогнат на родителите.


Фото: Pixabay

Има и лица кои се борат со психички и физички здравствени потешкотии, но и оние кои се ангажирани надвор од факултетот, па на тие активности им даваат поголемо значење отколку на собирањето оценки и сметање на просекот.

Сите овие фактори иако навидум мали, сепак влијаат на просекот на факултетот, а најголемиот фактор се препреките со кои студентите се среќаваат за време на студирањето како паѓање на испити, негативни професори или материјал кој едноставно не ги интересира. Најважно е студентот да се посвети на она во кое е најдобар. Оценките не се најважната работа во светот, но важно е да се пронајде баланс помеѓу сите интереси, а кои не се врзани за факултетот, а сепак да се дојде до диплома.

Ова се начините како во тоа и да успеете :

Важен е трудот

Оцените се темелат на квалитетот на учењето и знаењето, но професорите го ценат и трудот како и напредокот на секој студент. Доколку сте во тешка ситуација, потрудете се да му објасните на професорот за што се работи. Нормално дека сите нема да имаат разбирање, но искреноста и вложениот труд, ќе вродат со добри оценки.

Пронајдете мотивација и сила во луѓето кои ве поддржуваат

На факултет ќе соработувате и комуницирате со голем број на колеги. Нема сите да бидат по ваша мера, но ќе има и такви кои ќе ви ги олеснат студиите и со кои ќе можете да дојдете до целта.

Запознајте ги професорите

Кај нас често студентите кои пристапуваат кон професорите се гледаат како лица кои само сакаат да добијат добра оценка без учење, но тоа е сосема погрешен став. Секој студент би требало да ги запознае своите професори и да создаде менторски однос, со цел да има на кого да се обрати за совет.

Научете се да се „продадете“


Речиси сите се соочуваат со непријатни ситуации кога работодавачот од неодамна дипломираните студенти или апсолвенти бара повеќе работно скуство, отколку што е возможно да стекне. Но, размислите – иако вашата биографија треба да биде точен приказ на работните позиции кои сте ги имале и образованието кое сте го стекнале, не плашете се да ги истакнете и своите организациони и било какви други вештини.

Пронајдете позитивна страна во одбивањето

Не се разочарувајте ако бидете одбиени повеќе пати. Тоа некогаш има крај. Секој пат подобро подготвувајте се за разговори и интервјуа и ќе видите дека некој пат ќе успее. Не секогаш просекот е пресуден, па не се откажувајте.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование