X
 02.02.2019 Уметност

Вештачката интелигенција го оживеа Салвадор Дали

Велат дека уметниците живеат вечно. Во случајот на Салвадор Дали, тоа добива сосема нов контекст.

Музејот посветен на Дали во американскиот град Сент Питерсбург најави дека посетителите од април ќе имаат специјален водич - самиот Дали. Поточно, негова виртуелна копија развиена со помош на вештачка интелигенција (АИ).



Тимот на „Гудби, Силверстајн енд Партнерс“ направил АИ копија на славниот уметник користејќи снимки од него, на основа на кои ја тренирале машината да ги имитира неговите фацијални експресии и мимиките. Потоа тимот ја ставил сликата на актер со слична градба и го оживеал Дали 30 години по неговата смрт.

Како што е најавено, виртуелниот Дали ќе зборува на основа на пишувањата на сликарот, но и ќе ги коментира настаните кои се случиле долго по неговата смрт во 1989 година. Идејата е ова искуство да биде едукативно и надреално, како и делото на Дали.



Во клиповите во кои „Дали“ го најавува своето враќање, тој зборува и за својот близок однос со смртта, но истакнува дека никогаш не поверувал во својата смрт.

Секако дека целиот проект е малку морбиден и дека некои луѓе се повредени, но од музејот велат дека вештачката интелигенција е во согласност со личноста на Дали.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност