X
 02.02.2020 Живот

Како мажите ја покажуваат љубовта?

Познато е дека мажите се многу скржави кога станува збор за изјавувањето љубов, особено зборовите „те сакам“ многу тешко патуваат низ нивните усни. Но тие имаат мудро сокриени методи со кои јасно ги демонстрираа своите чувства.

Бакнежи

Бакнежот може многу да каже за чувствата на една личност. Кога мажот подарува долг, благ и страстен бакнеж, јасно покажува колку љубов крие за партнерката.

И пријателите говорат многу

Кога пријателите на вашиот сакан ве почитуваат, поздравуваат и сакаат, јасно е дека тој ве претставил како многу добра личност која го прави многу среќен.

Слушање

Кога мажите внимателно ја слушаат својата партнерка и го запаметуваат и најбизарниот проблем што го има таа, јасно е колку ја сакаат.

Повици без причина

Кога и само по неколку часа разделеност партнерот ве бара без причина, јасно ви покажува дека ве сака, но нема смелост да го изговори тоа.

Гледање романтични комедии

Позната е одбивноста што мажите ја имаат кон романтиката, романтичните филмови и комедии, но кога партнерот се решил да го издржи двочасовниот „терор“ од гледањето еден ваков филм, како да кажува најгласно „те сакам“.

Онлајн магазин револуција

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот