X
 02.02.2021 Живот

Компанија планира да го гради првиот хотел во вселената

Корпорацијата „Орбитал асембли“, градежна фирма специјализирана за вселената, планира да гради вселенски хотел. Компанијата, основана од експерти од НАСА, ќе го гради хотелот во долниот дел од орбитата, а тој ќе се движи толку брзо што ќе создава вештачка гравитација за гостите, научниците, астронаутите и другите посетители.

Проектот ќе се спроведува во повеќе фази, започнувајќи со изградба на вселенска станица. Во моментов компанијата бара инвеститори, кои може да купат акции за 0,25 долари до 1 април годинава.

Целта на компанијата е да изгради станица со облик на прстен со дијаметар од 200 метри која ќе може да создава вештачка гравитација на ниво слично на Месечината. Станицата ќе биде отворена за истражувачки активности, но и за комерцијални аранжмани.

Од компанијата на онлајн-презентација (во видеото подолу) откриле дека веќе бил направен робот што ќе ја гради станицата, а се работи и на изградба на дрон за набљудување. Туристите што ќе може да си дозволат престој таму ќе имаат можност и да одат на „вселенски прошетки“ надвор од хотелот.


Автор. Бред Берган
Извор: interestingengineering.com
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот