X
 02.02.2022 Култура

Овие земји имаат најубава национална химна, според музички критичар

Која земја има најубава национална химна? Веб-страницата „Classicfm“ заедно со музичкиот рецензент Дејвид Мелор рангира неколку химни и го кажа своето мислење.

Еве кои земји ги имаат најдобрите химни, од перспектива на класичната музика.

1. Уругвај



Можеби контроверзно, но Уругвај го зазеде првото место според Дејвид Мелор.

- Дефинитивно најдобрата од јужноамериканските химни, националната химна на Уругвај звучи како да ја напишал Росини - вели Дејвид.

2. Полска



Според Дејвид, химната на Полска има одлична мелодија, која ја користел сер Едвард Елгар во неговото дело „Полонија“, во знак на почит кон Полска за време на Првата светска војна.

3. Русија



- Каква химна! Не е чудно што земјата е татковина на Чајковски, Стравински и други вакви големи имиња. Ја засакав мелодијата уште откако ја слушнав на церемонијата за златни медали на Олимпијадата - вели Дејвид.

4. Швајцарија



Според Дејвид, во химната на Швајцарија има многу став и пристојна мелодија.

5. Јапонија



На Дејвид многу му се допаѓа јапонската химна, течна, контемплативна и донекаде како епска филмска партитура.

6. САД



Сите стојат со рацете на срцето. Солзи и бран златни медали.

- Уште една тотално незаборавна мелодија, баш како што треба да звучи една химна - вели Дејвид.

7. Германија



- Џозеф Хајдeн секако знаел што е потребно за да се напише одлична мелодија и таа да биде национална химна - вели Дејвид.

8. Франција



Класична, незаборавна мелодија, вели Дејвид.

9. Италија




- Можете да го замислите Росини додека ја пишува италијанската национална химна - вели Дејвид.

10. Велс




- Ова е еден вид мелодија што ме тера да посакам да сум Велшанец. Навистина е добра - вели тој.

Кога станува збор за најмалку омилена химна на Дејвид, тоа би била химната на Чешка.



- Прага е поврзана со музика, но не ваков вид музика - вели тој.

Извор: Classicfm.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура