X
 02.02.2022 Здравје

Овие земји сѐ уште официјално немаат регистрирано случаи на коронавирусот

Досега официјално не бил потврден ниту еден случај на коронавирусот во само 4 од 193 држави кои се членки на Обединетите нации. Две од нив се во Азија, а две во Океанија.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), заразени лица со коронавирусот имало на сите континенти со исклучок на Антарктикот.

Најголемата држава во која официјално нема потврдени случаи е Северна Кореја. Друга азиска држава што не потврдила случаи на коронавирусот е Туркменистан, иако граничи со Иран, каде што се регистрирани над 6,3 милиони случаи.

Другите две држави во кои не е потврден коронавирус се наоѓаат во Океанија, а тоа се Науру и Тувалу.

Извор: Dnevnik
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје