X
 02.02.2023 Живот

Клиничката болница - Штип бара вработување на околу 50 лица, меѓу кои и 15 лекари

Околу 50 вработени, доктори, медицински сестри и секаков вид персонал недостига на речиси сите одделенија во Клиничката болница - Штип. Дел од вработените заминаа на работа во приватното здравство, друг дел се пензионираа, па како што вели директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев, ситуацијата со кадарот е тешка.

Тој информира дека денеска се потпишани барањата за вработување и очекува позитивен одговор од страна на министерствата за здравство и за финансии. Барањето е за вработување 15 лекари, а другите се за медицински сестри, болничари, хигиеничари и физиотерапевти.

- Со оваа група што замина во приватната болница и овие два месеца имаме пензионирање на повеќе профили, сериозно се наруши бројката на вработени во Клиничка болница - Штип. Денеска ги потпишав барањата за вработување кои ќе бидат упатени до Министерството за здравство. Се надевам дека по две и пол годни конечно ќе бидат потпишани решенијата за примање - вели Ѓеорѓијев.

Кадар недостига најмногу во Одделот за анестезиологија, од каде што за два-три месеца си заминува уште еден анестезиолог, па на овој оддел ќе останат само тројца кои ќе треба да ја извршуваат работата во целата болница. Недостиг на кадар има буквално на сите оддели, но загрижувачка е ситуацијата на ортопедија, одделот за очни болести, инфективното одделение.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот