X
 02.02.2023 Наука

Научници сакаат да ја вратат во живот изумрената птица додо

Компанијата за генетско инженерство „Колосал бајосајенс“ добила 150 милиони долари од инвеститори за да ја врати во живот изумрената птица додо. Оваа компанија работи и на враќање во живот на волнениот мамут и тасманскиот тигар.

- Додо е пример за вид кој изумрел бидејќи ние, луѓето, ја направивме нивната природна околина невозможна за живот - изјавил Бет Шапиро, палеонтолот кој е член на извршниот одбор во компанијата.

Шапиро работел на првото секвенционирање на геномот на птицата додо и работи на активностите за враќање во живот на оваа птица.

Додото потекнувало од Маврициус и изумрело околу 1690 година. Се смета дека оваа птица можела да неси само по едно јајце во годината, но ѝ успевало да се размножува без проблеми пред Европејците да стигнат на островот. Тие тогаш донеле други видови како стаорци, кози, свињи, елени и папагали кои ги сакале јајцата на додото и придонеле за неговото изумирање.

Доколку компанијата успее да ги спроведе своите планови, додото ќе биде првата птица што ќе биде вратена во живот по изумирањето. Меѓутоа, Шапиро посочува дека иако успешно бил секвенциониран геномот на птицата, „оживеаното“ додо никогаш нема да биде исто како изумрениот вид.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука