X
 02.03.2019 Живот

Цитати што ќе ве инспирираат во кариерата

Овие реченици може да ви помогнат да работите поефикасно, да бидете позитивни и да ги бркате своите соништа. 

1. „Не мора да работите сè што работат и другите на ист начин како нив“ - оваа порака ќе ве потсети дека не треба да се споредувате со другите, туку да се фокусирате на себе и на она што вам ви одговара. 

2. „Верувајте и ќе успеете“ - кога станува збор за постигнување цели во кариерата, едноставното верување во себе и дека можете да ја постигнете целта ќе ви ги зголемат шансите за успех. 

3. „За една година ќе сакате нешто да сте почнале навреме“ - одложувањето е голем непријател, особено која се во прашање целите во кариерата. Затоа, наместо постојано одложување на некоја работа, помислете како ќе се чувствувате кога ќе го завршите тоа. 

4. „Мирното море не може да создаде вешт морнар“ - лесно е да се изгуби храброста по неуспехот на работата, но кога ќе се случи тоа, вдишете длабоко и помислете на оваа реченица. Падовите се составен дел од успехот. 

5. „Опкружете се со луѓе што позитивно ви влијаат“ - обидете се да бидете околу луѓе што веруваат во вас и можат да ви дадат добар совет, а не да ве влечат надолу со негативните критики. 

6. „Успех е кога се сакате себеси, она што го работите и како го работите“ - без оглед на богатството што го имате и титулата што ја носите, доколку не сте среќни, ништо нема да ве исполнува.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот