X
 02.03.2020 Образование

Електронски натпревар „Пи-ден“ по повод 14 март - Меѓународниот ден на математиката

Сојузот на математичари на Македонија се вклучи во одбележувањето на Меѓународниот ден на математиката, кој првпат ќе се прослави на 14 март 2020 година, со одлука на Обединетите нации. Овој ден е избран поради врската што постои помеѓу датумот 14.03 и првите цифри на бројот π (пи). Мото на прославата е „Математиката е насекаде“ и организаторот - Меѓународната унија на математичарите нуди поддршка за сите што сакаат да му се приклучат на настанот преку идеи, постери, проекти.

За таа цел, на 14 и 15 март 2020 година Сојузот на математичари на Македонија организира државен електронски натпревар „ПИ-ДЕН“, кој е отворен за сите ученици од прво одделение до четврта година средно, сите студенти и љубители на математиката воопшто и е од рекреативен карактер.

Имаме неверојатна шанса да бидеме дел од манифестација која првпат се случува и означува нов почеток за меѓународната поддршка на математиката.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование