X
 02.03.2020 Култура

Филмот „Малмкрог“, во кој копродуцент е Македонија, награден на Берлинале

Романскиот режисер Кристи Пују за филмот „Малмкрог“ ја освои наградата за најдобра режија во новосоздадената селекција „Encounters” на Берлинскиот филмски фестивал, кој заврши синоќа. Продуцентската куќа „Сестри и Брат Митевски“ со поддршка на Агенцијата за филм на Македонија се потпишува како копродуцент на филмот.
Освен Романија и Македонија, во филмот „Малмкрог“ учествуваат и: Србија, Швајцарија, Шведска и Босна и Херцеговина. Во официјалното соопштение на Берлиналето филмот беше најавен како „патување низ времето и мислите, кој фасцинира со прецизност и инвентивност“.

Во селекцијата се натпреваруваа 15 филмски остварувања и тричленото жири додели три награди, а една од нив му припадна на Кристи Пују, кој е несомнено еден од најзначајните европски автори.

Ова не е прв филм на Пују во кој продуцент е Лабина Митевска. Огромен успех постигнаа и со филмот „Сиераневада“ во 2016 година, кој беше дел од програмата на Канскиот филмски фестивал.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура