X
 02.03.2021 Живот

На овие места не можете да направите лоша фотографија: Најшарените градови во светот

Ако и вие се прашувате што го прави еден град автентичен, освен луѓето, обичаите, храната, музиката или архитектурата, на овој список мора да се додадат и боите.

Постојат градови што се издвојуваат благодарение на боите на фасадите кои се живописни и го поправаат расположението.

Хавана, Куба

1

2

Престолнината на Куба има многу убави обоени згради, а магичната атмосфера дополнително ја подобруваат и олдтајмерите со ведри бои кои можете да ги видите на секој чекор.

3

Бристол, Англија

1

2

Бристол никого не остава рамнодушен со своите живописни куќи. Шаренилото може да ве расположи и во најтмурните денови, кои се прилично чести во Англија.

4

Бурано, Италија

1

2

Венеција ја посетуваат околу 30 милиони туристи годишно, но многу помал број од нив го посетуваат шарениот остров Бурано. Сепак, патниците што одлучуваат да го посетат ова место никогаш не зажалиле.

3

Ла Бока, Буенос Аирес, Аргентина

1

2

Овој крај на Буенос Аирес е доста популарен помеѓу туристите и затоа има метеж. Во овој кварт се наоѓа Каминито, односно „уличниот музеј“ во кој куќите се светли и шарени.

laboka

Извор: Travelmagazine.rs
Фото: Pixabay/Instagram

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот