X
 02.03.2022 Образование

Храбра студентка известува од срцето на Киев, а од факултетот не сакале да ѝ го продолжат рокот за проектот

Постојано слушаме за нови приказни од Украина, која во моментов е нападната од Русија. Со оглед на ситуацијата, би помислиле дека студентите во Украина не мислат на испити во моментов. Неколку илјади странски студенти чекаат да бидат евакуирани од Украина.

Студентката Асами Терајима, која е од Јапонија, не чека да биде евакуирана, туку работи како новинарка за „Киев индепендент“. Таа секојдневно објавува за состојбата на својот профил на „Твитер“, меѓутоа, нејзиниот универзитет „Вилијам Вудс“ очигледно немал разбирање за нејзината ситуација.

- Моментално сум во Киев, известувам за руската војна 24/7 за „Киев индепендент“, а покрај тоа ги завршувам моите студии на универзитетот во САД. Иако имам чисти десетки, мојот универзитет одби да ми го продолжи рокот (за предавање проекти), велејќи дека тоа би било „против универзитетскиот протокол“ - напишала таа на „Твитер“.



Асами понатаму пишува дека ги контактирала продеканите и професорите. Тие ѝ кажале дека може да се откаже од факултетот кога ги прашала што ќе се случи со неа доколку Русија навистина го нападне Киев, што и се случило.

- Многу е неразумно мојот факултет да бара од мене да направам проект кога овде има војна од големи размери и се водат борби низ цел град - напишала таа.

Многу корисници на „Твитер“ ја поддржале храбрата студентка.

- Знаеш што, во твојата биографија ќе напишеш дека си покривала вести од воена зона, а тоа ќе ти отвори повеќе врати од која било диплома - стои во еден коментар.

По медиумското внимание што го добила Асами, деканот на нејзиниот универзитет одлучил да се замрзне академскиот статус на студентката.



Извор: Moj Faks
Насловна фотографија: Twitter 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование