X
 02.03.2022 Живот

Студентот што го следеше авионот на Маск сега ги следи авионите на Путин и руските олигарси

Џек Свини е 19-годишен бруцош кој стана светски познат откако почна да го следи движењето на приватниот авион на милијардерот Илон Маск. Сега Свини е во центарот на вниманието бидејќи почнал да ги следи приватните авиони на руските олигарси.

Свини отворил нов профил на „Твитер“ на кој го следи движењето на неколку приватни авиони на руски милијардери со помош на ботови. Тој открил дека го отворил профилот откако добил повеќе барања за да ги следи руските милијардери по воениот напад на Украина од страна на Русија.



Свини ги пронашол приватните авиони што се во сопственост на богати Руси и направил бот за нивно следење, а потоа го отворил профилот на „Твитер“ на кој објавува податоци за движењето на овие авиони.

Тој отворил и посебен профил за авионите на високи функционери во Русија и авионите за кои се претпоставува дека ги користи Владимир Путин.



- Авионите што ги имаат овие Руси се апсолутно луди. Тие се огромни во споредба со другите  - изјавил студентот.

Свини само ги споделува информациите за локацијата на авионите, но нема информации за тоа кој се наоѓа во нив.

Извор: Moj Faks
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот