X
 02.04.2019 Наука

Астрономи од целиот свет со пионерско откритие за црните дупки

Европската јужна опсерваторија откри дека наредната недела ќе открие пионерско откритие во врска со црните дупки. Она што го знаеме засега е дека можеби светот конечно ќе ја види првата слика од хоризонтот на настани на црната дупка.

Секако, не се знае сигурно за самиот настан, кој ќе можете да го следите и во живо, меѓутоа, се претпоставува дека истражувачите ќе разговараат за првите резултати од телескопот „Ивент хорајзонт“.

Со години погледот на овој телескоп е во „срцето“ на Млечниот Пат, обидувајќи се да направи фотографија од локацијата на „Стрелец А“, централна супермасивна црна дупка на нашата галаксија.

Црните дупки се буквално невидливи - тие ги апсорбираат сите електромагнетни зрачења, што значи дека ниту еден наш телескоп не може да ги детектира, па затоа никогаш не сме успеале да видиме црна дупка. Но, да се види хоризонтот на настани - точката надвор од црната дупка во која светлината повеќе не може да постигне брзина на бегство - е теоретски можно, иако не е лесно. Времето околу црната дупка е чудно, а дополнително на тоа „Стрелец А“ е обвиткан во густ облак од прашина и гас.

На 10 април 2019 година во 15:00 часот според средноевропско летно време, Европската комисија, Европскиот совет за истражување и проектот за телескопот „Ивент хорајзон“ ќе ги презентираат резултатите што ги опишуваат како пионерски.

Настанот ќе биде пренесуван во живо на „Јутјуб“, а тука можете да го следите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука