X
 02.04.2022 Уметност

Победничките фотографии на натпреварот за див свет ја покажуваат моќта на водата

Фотонатпреварот „Фотограф на годината за фотографии во дивината“ ги објави победниците од првиот месечен натпревар во 2022 година. За овогодишниот натпревар од фотографите било побарано да ги поднесат нивните најдобри фотографии во кои се вклучени дивите животни и дивиот свет и водата. Станува збор за концепт што фотографот на диви животни, Гејл Бисон, го предложил. Резултатите се прилично неверојатни.

Снегот, мразот, дождот и реките се истакнуваат и се постојано присутни низ победничките фотографии. Американската фотографка Вики Сантело ја освои главната награда за нејзината фотографија од рис во националниот парк Јелоустоун. Рисот нурнал во студена река за да улови патка, па Сантело успеала да го фати моментот кога рисот излегол со неговиот лов.

Овие се неколку од многуте прекрасни фотографии што експертите ги очекуваат за овогодишниот натпревар. Во продолжение се победниците од јануарскиот натпревар.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Mymodernmet.com
Фото: WildArt Photographer of the Year
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност