X
 02.05.2016 Живот

Брзаме децата да ни пораснат, а не да бидат луѓе!

Децата брзаат да пораснат, а не да бидат луѓе.
Не се срамат што не знаат граматика, туку се фалат што ги знаат сите пцости,
не се научени дека е возможно да го одржат зборот ако го дадат, и тоа е единствено правилно нешто,
не се научени дека со почитување на другите, се почитуваат самите себеси;
не знаат дека нема ништо лошо во тоа да се биде добар,
дека културата нема боја, а дека некултурата е валкана,
дека воспитувањето од дома се носи на улица, а не обратно,
дека човек со повеќе лица е всушност личност без образ,
дека скромноста е доблест, а не карактеристика на глупавите,
дека глупав е оној што напразно зборува, а не оној што измислува,
дека човекот е слободен да мисли, а вистински е слободен ако не ја загрозува слободата на другите,
дека добрината е мал чекор за човекот, а голем за човештвото,
дека помагајќи им на другите не е правење услуга,
дека користољубивоста не е доблест,
дека лагата е беспотребна,
дека посмевањето не е насмевка,
дека никој не се родил учен, но дека секој човек кога нешто научи повторно се раѓа,
дека бездушноста е најтешкиот облик на инвалидитет,
дека парите не ја подигнуваат вредноста на човекот,
и дека се највредни оние кои не си ја продаваат честа, љубовта и почитта,
не е срамота да кажеш „фала“, „извини“, „те молам“, срамота е да немаш срам,
дека не е пристојно да се биде непристоен,
дека довербата, почитта и љубовта се основа на секој здрав однос, а не корист
дека уличниот речник не е ни за на улица,
дека злопамтилата нема да постојат ако луѓето не прават зло, а злото не е добро,
дека природно е да се сака природата,
дека секој е одговорен за своите постапки...
Да ги научиме децата да бидат луѓе!

Родители, не чекајте ги општеството и наставниците; општество, не чекајте ги родителите и наставниците; наставници, не чекајте го општеството и родителите!

Автор: Марина Аристо Марковиќ

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот