X
 02.05.2022 Живот

Зошто луѓето во нордиските земји се посреќни?

Нордиските земји секогаш се горе на листата со најсреќни земји во светот. Финска е лидер веќе пет години по ред, а по неа се Данска, Швајцарија и Исланд. Зошто жителите на овие земји се посреќни од другите?

Некои велат дека е до богатството, а едно истражување посочува дека тие имаат генетски предиспозиции да бидат посреќни. Но според Светскиот извештај за среќа, овие теории не се точни.

Квалитетни владини институции

Податоците покажуваат дека луѓето се позадоволни од животот во земјите каде што има квалитетни институции. Среќата кај граѓаните е посилно поврзана со квалитетот на услугите, како добри пензии, опции за родителско отсуство, грижа за болните, бесплатно здравство и образование, помош за невработени итн.

Квалитетните владини институции ја намалуваат нееднаквоста помеѓу граѓаните, а тоа прави луѓето да се среќни бидејќи имаат доверба во јавните органи.

Доверба

Еден експеримент покажал дека луѓето што имале поголема доверба дека нивниот изгубен паричник ќе им биде вратен биле и позадоволни од животот. Друг експеримент со изгубени паричници покажал дека луѓето во Хелсинки најчесто ги пријавуваат најдените паричници.


Фото: Pixabay

Прогресивен данок

Истражувачите откриле силна врска помеѓу прогресивниот данок и среќата на граѓаните. Прогресивниот данок обезбедува подобри јавни добра, што ги прави граѓаните посреќни.

Смеата и временските услови не се гаранција за среќа

Нордиските земји се најсреќни, но тие не се и земји чии граѓани покажуваат позитивни емоции. Впрочем, тие почесто се меланхолични.

Освен тоа, временските услови во нордиските земји не се такви какви што би посакале многумина. Зимите таму се долги и студени, но според експертите, ефектот на доброто време врз среќата е незначаен. Луѓето се адаптираат на временските услови и лошото време не влијае врз оние што се навикнати на тие услови.

Извор: Euronews
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот