Сите ја знаеме рутината: одиме во основно, па во средно, па на факултет; можеби некои од нас ќе станат магистри; во меѓувреме добиваме работа, ако имаме сеќа, во полето за она што го учевме; ја среќаваме сродната душа, со неа имаме деца, и секако, завршува животот.
Ова е претераниот начин и сумирање на нашиот таканаречен нормален живот. Но, што ако ги искористиме вештините кои сме ги научиле на универзитет и ја добиеме најдобрата работа - работата од соништата? Не е нешто невозможно.
Во продолжение, ова се совршените професии за дипломираните студенти.
1. Студент по ветерина
- Тренер на кучиња
Можеби се чини лудо „залудно“ да ги трошите часовите кои сте ги поминале учејќи микробиологија и генетика само за да станете тренер на кучиња. Но, кога ќе размислите подобро: секогаш ќе бидете опкружени со здрави кучиња и ќе започнете да го сфаќате нивното однесување.
2. Студент за инженерство за храна
- Раководител на пивара
Најдобриот начин да ја започнете кариерата во ова поле е токму оваа работна позиција. Веќе имате лично искуство во пиење на пиво на секоја студентска забава. Исто така, доколку немате одлучено за тоа каде да студирате,
универзитетите во Минхен и Чикаго нудат насока наречена наука за пиварството.
- Дегустатор на чоколадо
Пивото не е по сечиј вкус, меѓутоа кога станува збор за чоколадото, може да се каже дека не постои личност која не го обожава. Ако и вие сте меѓу обожавателите на чоколадото, замислете да работите како дегустатор на чоколадо - вистинско исполнување на соништата. Добро е што
„Cadbury“ и „Oreo“ бараат токму вакви лица.
3. Студент по фотографија
- Патник за „National Geographic“
Можеби не е реалистична работа за неодамна дипломираните студенти, но сега е време да започнете да создавате портфолио за да стигнете таму. Сите фотографи за „NatGeo“ се хонорарни работници и се платени 500 долари дневно плус трошоци за патување кога се испратени на одредена задача.
4. Студент по компјутерски науки
- Дизајнер на видео игри
Не постои подобра работа за сите оние кои студираат функционално програмирање, компјутерска архитектура, и C++. Создавањето на видео игрите ги спојува писателите, програмерите и дизајнерите, а со неколку години искуство, можете да дојдете до одлична заработка.
- Хакер (од добрите)
Доколку не ги сакате видео игрите, тогаш постои друга професија за вас. Со неодамнешните сајбер напади насекаде низ светот и со појавата на вештачката интелигенција, компјутерската безбедност и безбедноста на информациите стануваат сè поголем проблем.
Етичките хакери се доста барани и овој тренд ќе продолжи и во иднина, така што ако сакате да работите со идентификување на ранливостите во информациските системи пред тоа да го направат лошите хакери.
5. Студенти по филмска уметност и медиуми
- „Netflix Tagger“
Да, ова е професија. Часовите кои сте ги поминале гледајќи филмови дефинитивно ќе ви дадат доволна експертиза за да знаете како соодветно да тагнете „Netflix“ серија. Доколку сакате да ја добиете оваа работа, од време на време се отвора место за оваа позиција, па повремено
проверувајте ја нивната страна за кариера.
6. Студент по психологија
- Музички терапевт
Сте завршиле психологија, а истовремено сте заинтересирани и знаете да свирите на музички инструмент? Ова работно место е одличен избор. Не само што ќе ги искомбинирате вашето поле на студирање заедно со вашето хоби, туку и ќе можете да им помогнете на луѓето на доста исполнувачки и магичен начин. Доколку се одлучите да ги продолжите студиите,
Универзитетот Западна Англија во Бристол ви нуди одлични магистерски студии за музичка терапија.
7. Студенти по англиски јазик
- „ESOL“ наставници
Англискиот е третиот најзборуван јазик во светот - иако постојат 360 милиони луѓе чиј мајчин јазик е англискиот и половина милијарда луѓе кои го зборуваат како втор јазик, сепак постојат голем дел кои не го знаат. Затоа, ова е одлична можност да го предавате јазикот на Шекспир во било кој дел од светот.
8. Студенти по драмска уметност
- Интерактор во студиото на Хари Потер
Можете да станете интерактор во студиото на Хари Потер во Лондон, а освен што ќе бидете експерт за самата серија и сè што е поврзано позади сцената, ќе можете да одите во Хогварт секој ден.
9. Студент по градежно инженерство
- Инженер за „Lego Master“ моделот
#legoland
A post shared by "RUSSELL'S CHICKEN!!" (@delonrussell_) on
Сите тие Лего модели не се создаваат сами; се плаќаат луѓе за да ги дизајнираат, изградат, инсталираат и одржуваат на места како Леголенд. Ако оваа професија ве влечи, тогаш можете да станете
„Master Builder“.
10. Студенти по ликовна уметност
- Шминкер и уметник за специјални ефекти
Не мора да студирате ликовна уметност за да станете шминкер, меѓутоа техниките кои ќе ги научите на факултет ќе ве претворат во компетентна личност за ова
работно место. Замислете да работите на филмски дела како „Harry Potter“ или „Benjamin Button“.