X
 02.06.2017 Образование

Студентски водич - Како да ја „преживеете“ колоквиумската недела?

Уште малку до летниот одмор. Без разлика што сте испланирале за ова лето, сè уште пред вас е испитната сесија и колоквиумската недела, а ние ви го нудиме најдобриот студентски водич за преживување на испитите.

Најпрво треба да запомните дека секогаш треба да бидете подготвени. Пред да направите било што, погледнете ја листата подолу за да се осигурате дека сте детално подготвени. Ако одговорите не на сите прашања, адаптирајте го моменталното однесување за подоцна да можете да одговорите со да на сите прашања.

Список за проверка за подготовката за колоквиумската недела

- Дали знаете каде да го најдете распоредот за колоквиумите?
- Дали имате направено план за ревизија на вашите испити?
- Дали знаете во кои простории ќе полагате?
- Дали ги имате претходните прашања кои ги дал професорот од испитот/колоквиумот?
- Дали ги подготвивте сите ресурси, материјали и прибор кои ви се дозволени да ги земете на испит/колоквиум?
- Дали знаета каков формат ќе биде испитот: прашања со повеќе избори или обични?
- Дали набавивте здрава храна, овошје, зеленчук и слично?
- Дали го регулирате вашето спиење и дали спиете доволно?
- Дали пиете доволно вода?
- Дали вежбате најмалку 30 минути дневно?

Додека многу од овие точки може да изгледаат без цел, подготовката е клучот за успех на испитите.

Сега кога го имате списокот, ви нудиме совети и трокови како да го реализирате сето тоа и да имате успешни резултати.

1. Проширете го времето за ревидирање на материјалот

Истражувањата покажуваат дека проширувањето на времето или сесиите за ревизија на одредена тема се поефикасни. Кратките сесии од 20-30 минути се најдобри бидејќи вашата концентрација е на повисоко ниво.

2. Вежбајте

30 минутното џогирање помеѓу сесиите може да направи голема разлика во вашата благосостојба. Научно е докажано дека вежбањето ви помага да се чувствувате посвежи, да го зголемите фокусот и вниманието на деталите и да ја намалите анксиозноста.

3. Не се насочувајте кон мултитаскинг


Истражување од Универзитетот Стенфорд покажа дека извршувањето повеќе активности во исто време е помалку продуктивно. Па, ако сакате да ги проверите социјалните медиуми или да каснете нешто, оставете ги книгите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование