X
 02.06.2022 Живот

Работата на компјутер e физички предизвик за телото

Стресот предизвикан од современиот начин на работа на компјутер е предизвик за сечие тело. Главата и вратот често страдаат од положбата во која се наоѓаат со часови, па болката е придружена со проблеми со рамената, очите и траен замор.

- Понекогаш лошото држење е причина за болка и непријатност во нашето тело. Направете еден брз експеримент… Турнете ја главата нанапред, а потоа подигнете ја за да погледнете нагоре колку што ви дозволува вратот. Оваа незгодна поза е токму онаа што луѓето зад екранот често несвесно ја заземаат, а истражувањата покажаа дека ако сме во таа положба само 30 секунди, се јавува болка - вели д-р Ерик Пепер, професор на Универзитетот на Сан Франциско во Калифорнија (САД).

Тој објаснува како главоболките може да бидат предизвикани од разни нешта, но треба да се концентрираме и да избегнуваме што повеќе причинители на болката. Еден од начините се дишењето и држењето на телото.

Делотворно е да не се задржува напнатоста во мускулите на вратот, па така да се стане посвесен за таа состојба. Вежбата гласи: Стегнете ги мускулите, па опуштете ги целосно и тоа се повторува и практикува што почесто, додека човекот не се навикне на опуштањето.

Друг совет гласи – поставете потсетник кој како училишно ѕвонче ќе ве потсетува накусо да станете и да се истегнете.

За положбата на екранот, важно е таа да нѐ тера да бидеме исправени, т.е. екранот да биде „пред очите“ на човекот, а не долу. Професорот советува и да го подигнеме лаптопот со држач, ако е потребно.

- Внимавајте и на дишењето и обидете се да дишите во стомакот, притоа исправајќи се. За да ги опуштите очите од постојаното гледање блиску, доколку можете, свртете го погледот на поголема далечина, кон облаците или врвовите на дрвјата - препорачува проф. Пепер.

Секако, сите овие вежби треба да се повторуваат секојдневно, кога е потребно.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот